Достапни линкови

Законот за рекламирање нов медиумски проблем


Министерството за информатичко општество и администрација на брифинг на дел од медиумските здруженија се обиде да им го презентира предлог законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции.

Од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) велат дека биле на брифингот, но го напуштиле, оти не бил добро организиран. Нивен став е дека со ваков закон ќе се легализира корупцијата на медиумите и на тој начин владините реклами ќе ги претворат медиумите во заложник на политичките и на економските интереси на Владата и на сопствениците на медиумите.

Со Законот, пак, се посочува во соопштението од министерството, прв пат се укинува дискреционото право на јавните институции за избор на медиуми на кои ќе ги објавуваат своите кампањи, и се воведуваат строги законски критериуми кога и како може да се закупуваат медиуми за таа намена.

XS
SM
MD
LG