Достапни линкови

logo-print

Балканските земји ќе добијат пари од ЕУ, ако спроведат реформи


Европската унија ќе даде околу 150 милиони евра за инфраструктурни, транспортни и енергетски проекти за поврзување на државите од западен Балкан, порача еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на денешниот форумот за Западен Балкан во Париз.

„Потенцијалот со поврзувањето меѓу држави од тој регион ќе биде искористен само ако тие држави ги извршат неопходните реформи“, нагласи Хан.

ЕУќе даде 96 милиони евра за три железнички проекти во Србија, Албанија и Косово. Ќе обезбедиме 50 милиони евра за еколошки мерки како енергетска ефикасност на станбени згради и за помали хидро-проекти, потенцира Хан.

XS
SM
MD
LG