Достапни линкови

Лидерот на кампањата за Брегзит си поднесе оставка


Лидерот на кампањата за Брегзит, Најџел Фараж поднесе оставка од претседателската функција на Британската независна партија. Тој изјави дека неговите политички цели биле исполнети. Фараж на прес конференција денеска во Лондон рече дека со победата на референдумот за излез од Унијата, неговите политички амбиции биле исполнети. Тој вели дека ќе го надгледува процесот на излез од ЕУ како „сокол“, и дека ќе продлжи да биде член на партијата. Претходно уште еден заговарач на Брегзит се повлече од политичката сцена. Поранешниот градоначалник на Лондон Борис Џонсон минатата недела соопшти дека нема да се кандидира за лидер на Конзервативната партија на Британија, со што се откажа од можноста да биде наследник на премиерот Дејвид Камерон.

XS
SM
MD
LG