Достапни линкови

Грчката полиција уапси шверцери на мигранти


Грчката полиција уапси пет луѓе кои планирале да прошверцуваат 87 сириски мигранти, од кои 46 биле деца, преку границата со Албанија. Уапсени се еден грчки и еден ирачки државјанин и тројца Сиријци. Тие биле уапсени во Солун додека се подготвувале да ги качат мигрантите во автобус со бугарски регистарски таблички. Мигрантите и кажале на полицијата дека секое возрасно лице требало да плати по пет илјади долари. Ова е прв познат случај за шверц да се користи Албанија, наместо вообичаената рута преку Македонија.

XS
SM
MD
LG