Достапни линкови

logo-print

Турција подготвена да соработува со Русија против ИД


Турција и предложила на Русија соработка во борбата против екстремистичката група Исламска држава во Сирија. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека ќе соработуваат со сите што се борат против ИД. Понудата за соработка доаѓа во време кога Анкара и Москва почнаа да ги затоплуваат односите откако турскиот претседател Реџап Таип Ердоган се извини за соборувањето на рускиот воен авион во ноември. Турција и Русија се борат против ИД, но на различни страни во сирискиот конфликт. Анкара ги поддржува опонентите на сирискиот претседател Башар ал Асад, а Русија го поддржува Асад.

XS
SM
MD
LG