Достапни линкови

logo-print

Поплавите во Пакистан однесоа 33 жртви


Во поплавите во Пакистан загинале 33 луѓе, а не 41 како што претходно беше објавено, соопштија тамошните власти. Поројни дождови ја зафатија провинцијата Кибер ноќта меѓу 2 и 3 јули. Повеќето од жртвите се од селото Арсун. Жителите на зафрленото село не добило навремено предупредување за евакуација. А 13 луѓе се уште се водат за исчезнати. Исто така во поплавите загинаа и двајца кинески инженери и двајца пакистански работници кога монсунските дождови го урнале покривот на објектот на кој тие работеле.

XS
SM
MD
LG