Достапни линкови

Хан - ЕУ треба да се шири и покрај Брегзит


Излегувањето на една земја од членството во ЕУ не значи дека е запрен процесот на ширење на Унијата, туку дека постојат многу причини тој да продолжи, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на отворањето на Бизнис форумот во рамки на Самитот за Западен Балкан во Париз. Тој изјави дека и натаму постои европска перспектива за земјите од Западен Балкан, и покрај фактот што ЕУ влезе во тешка фаза.

Хан вели дека земјите од Западен Балкан и натаму се соочени со одредени проблеми на товар на минатото, но дека повеќето земји прикажаа јасна приврзаност кон реформи. Сите влади треба, како што порача, и во следниот период да преземат конкретни чекори во овој правец.

XS
SM
MD
LG