Достапни линкови

Самоубиствен напад пред конзултатот на САД во Џеда


Бомбаш самоубиец загинал, а двајца полицајци биле ранети во експлозија пред американскиот конзулат во Џеда, втор по големина град во Саудиска Арабија. Напаѓачот го паркирал својот автомобил пред џамијата која се наоѓала на другата страна од конзултатот при што го активирал експлозивот. Во 2004 година овој конзулат беше нападнат од вооружени луѓе при што беа убиени четворица саудици, припадници на безбедносните сили.

XS
SM
MD
LG