Достапни линкови

Студентски протест пред универзитетскиот ректорат


Студентите што не се согласуваат со начинот на кој беше избран новиот лидер на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за денеска најавија собир пред Ректоратот, за кога е закажана вонредна седница на ректорската управа. Студентите од Студентскиот пленум во минатата недела, на изборниот ден за студентски лидер, со полициска интервенција беа отстранети од пред просториите на СПУКМ. Вонредната седница доаѓа по прозивките од страна на студентите дека Универзитетот мора да ги осуди нелегалните избори за студентски претседател, како и полициската акција врз студентите. Студентскиот парламент бара детално објаснување за сите околности и случувања поврзани со студентските избор.

XS
SM
MD
LG