Достапни линкови

Чавушоглу: Турција нема противречности во надворешната политика


Турција нема противречности во својата надворешна политика ниту во односите со Русија, ниту со ЕУ, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

„Немаме противречности во нашата надворешна политика. Да, од едната страна е ЕУ, а од другата е Русија, но ние можеме да продолжиме да ги развиваме односите и со Брисел, и со Москва. Овие два правца не се алтернативни или конкурентни“, рече Чавушоглу во Анталија.

Според него, однсите со Русија и ЕУ ќе се развиваат врз основа на интересите на Турција. Тој додаде дека Анкара нема „принципелни“ проблеми ниту со ЕУ, ниту со Русија.

„На 30 јуни во Брисел го отворивме новото преговарачко поглавје за приклучувањето на Турција кон ЕУ. Ние имавме и важни разговори во однос на укинувањето на визите за турските државјани. Потоа ја посетивме Русија, каде се сретнав со рускиот колега Сергеј Лавров, рече Чавушоглу. Тој забележа дека средбата со Лавров била многу корисна.

„Ги разгледавме начините на кои ќе ги постигнуваме заеднички поставени цели. Претстојат средби на наши министри. Нашиот претседател ќе се сретне со Путин. Исцртан е патоказот“, додаде Чавушоглу.

XS
SM
MD
LG