Достапни линкови

Николовски: АХВ крие информации за болеста „Јазлеста кожа’


Членот на Извршниот одбор на опозициската СДСМ, Љупчо Николовски ја обвини Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за неорганизираност во справувањето со болеста „Јазлеста кожа“ и оти крие информации за состојбата од меѓународните институции.

Николовски денеска изјави дека АХВ последен пат пред два месеца последен пат доставила извештај за состојбата со болеста до Светската организација за здравстена заштита на животните.

Николовски вели дека во доставените извештаи не се наведени сите региони во државата каде е потврдена болеста, а меѓународната институција не добивала информации за повеќе региони како што е Македонска Каменица и Кратово.

„Овој неодговорен однос, заедно со тримесечното доцнење на вакцината, неисплатената оштета за убиениот добиток, погрешно пропишаните мерки, пропустите и грешките се потврда на нестручниот и несериозен пристап на владата на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Николовски.

Тој истакна дека болеста енормно се шири во сите региони во Македонија и оти надлежните мора да организираат штапско работење за секојдневно транспарентно информирање на јавноста каде се појавуваат жариштата и кои мерки се преземени.

На прес – конференцијата на Николовски реагираше Министерството за земјиоделство шумарство и водостопанство, истакнувајќи дека тој продолжува да ја манипулира и вознемирува јавноста во обид да добие ситни политички поени користејќи ја маката со која се соочуват сточарите, без ни малку грижа за нив.

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за храна и ветеринарство напорно и континуирано работат на спречување на ширењето на болеста јазлеста кожа кај говедата и во согласност со протоколите на ОИЕ-Светската здравствена организација за здравствена заштита на животните сите итни и неопходни физичко-технички мерки, во смисла на изолирање на болните животни, нивното не штетно отстранување, поставување на бариери за дезинфецкија и формирање на заштитни зони беа веднаш превзменеи и беше спречено неконтролирано ширење на болеста, се додава во соопштението од АХВ.
Министерството и Агенцијата навремено ги презема сите неопходни мерки и успеа навремено да го спречи ширењето на болеста и да интервенира. Исплатата на штетите кон сточарите веќе се подготвуваат и по теренските и административни контроли ќе бидат реализирани во законскиот рок од 90 дена, односно се прават напори да бидат исплатени и пред тој рок“, се вели во реакцијата.

XS
SM
MD
LG