Достапни линкови

logo-print

Можна средба на Ердоган и Путин кон крајот на јули


Претседателите на Турција и Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин може да се сретнат на крајот на јули или во почетокот на август, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

„Има голема веројатност за средба на двајцата лидери кон крајот на овој месец или на почетокот на август, посочи Чавушоглу.

Во петокот Чавушоглу изјави дека Ердоган е подготвен да се сретне со Путин во август во Сочи, пред средбата на Г-20.

Односите меѓу Анкара и Москва се влошија откако Турција собори руски авион Су-24 на 24 ноември 2015 година, поради наводно нарушување на турскиот воздушен простор.

XS
SM
MD
LG