Достапни линкови

logo-print

Најмалку 75 загинати во два напади на ИД во Багдад


Ирачките власти соопштија дека најмалку 75 луѓе се убиени во центарот на главниот град Багдад, во два напади со автомобил бомба изврешени од страна на екстремистичката група на Исламската држава (ИД).

Бројот на жртвите го потврди полицијата и претставници на болницата кои зборуваа анонимно, бидејќи не се овластени да објавуваат информации за медиумите.

Во онлајн соопштение ИД ја презема одговорноста за денешниот напад во раните утрински часови, кој ја погоди фрекфентната трговска област во главниот град. Соопштението се уште не е независно потврдено.

Од експлозијата беа погодени семејства и млади луѓе кои беа на улиците во областа Карада по завршувањето на постот на Рамазан.

Во вториот напад во источен Багдад се убиени пет луѓе и 16 се повредени. Нападот доаѓа откако ирачките сили од ИД го заземаа градот Фалуџа.

XS
SM
MD
LG