Достапни линкови

Пронајдени тела од урнатиот противпожарен авион во Русија


Претставник на руското Министерство за вонредни состојби вели дека пронашле четири членови на екипажот на противпожарниот авион, којшто се урна во регионот Иркутск. Официјалното лице кое не е идентификувано посочува дека истрагата продолжува и за останатите десет членови на екипажот на авионот кој се урна вчера.

Авионот со воздушен резервоар помагаше во борбата против шумските пожари во регионот во вториот лет дента, кога контролата на летање ја загуби комуникацијата со него.

Службите на Министерството денеска рекоа дека е можно пилотот да ја загубил ориентацијата додека летал низ густиот чад од пожарот.

XS
SM
MD
LG