Достапни линкови

Тачи: Косово и Србија да ги исполнат обврските од Брисел


Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Косово и Србија треба да ги исполнат обврските кои произлегуваат од досега постигнатите спогодби во Брисел, во рамките на дијалогот, со цел нормализирање на меѓусебните односи.

„Институциите на Косово ја постигнуваат планираната агенда. Развојот на односите меѓу Косово и Србија не може да се постигне со попречување на работата еден на друг. Косово ќе ги исполни своите обврски, а во исто време Србија треба да го стори истото. Ова е процес кој води кон Европската унија“, изјавил Тачи.

Тој исто така најави дека многу набрзо ќе се формираат Вооружените сили на Косово, што ќе бидат мултиетнички и што ќе и ја отвори перспективата на земјата и ќе и овозможи зачленување во НАТО.

Инаку Тачи пред два дена го потпишал указот за двата закона за продолжување на мандатот на мисијата на Еулекс кои вчера попладне се објавени и во Службен весник на Косово, објавуваат косовските медиуми.

XS
SM
MD
LG