Достапни линкови

logo-print

Хаменеи: Иран нема да се координира со САД за Сирија


Врховниот лидер на Иран, Али Хаменеи изјави дека Техеран никогаш нема да се координира со САД за Сирија и за другите конфликти во регионот.

Тој во изјава објавена денеска на неговата веб страница вели: „не сакаме таква координација, бидејќи нивната главна цел е да се спречи присуството на Иран во регионот.

Хаменеи исто така ги повтори барањата САД да престанат да се мешаат во регионот, каде Техеран го смета Вашингтон за непријателски ривал.

Двете земји се на спротивни страни во конфликтот во Сирија, каде Техеран го поддржува претседателот Башар ал – Асад против бунтовничките групи, некои од нив поддржани од Соединетите држави.

Техеран исто така одбива било каква координација со коалицијата предводена од САД којашто ја бомбардира групата на Исламската држава во Сирија и Ирак. Сепак Техеран одделно ги поддржува Багдад и Дамаск во нивните борби против ИД.

XS
SM
MD
LG