Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: Сончево и топло


Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност во претпладнавните часови. Попладне само на крајниот исток ќе има услови за краткотрајна нестабилност.Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 30 до 38 степени. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со повремено засилен ветер понекаде во Скопската котлина. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

XS
SM
MD
LG