Достапни линкови

Талибанскиот лидер: САД да ја завршат окупацијата во Авганистан


Новиот талибански лидер Хаибатула Ахунџада ги повика САД да ја завршат својата „окупација“ на Авганистан, во неговата прва јавна порака откако во мај беше именуван за шеф на милитантната група.

„Признајте ги реалностите наместо бескорисната употреба на сила и ставете и крај ан окупацијата“, рече тој.

Ахунџада, којшто беше именуван за лидер на движењето по смртта на неговиот претходник Мула Ахтар Мансур во напад со дрон на САД, рече дека политички договор е можен доколку Кабул се откаже од неговите странски сојузници.

„Вашата поддршка на напаѓачите е како работата на оние гнасни лица кои во минатото ги поддржуваа Британците и Советите.“

Лидерите на НАТО на 8 и 9 јули ќе се сретнат на Самитот во Варшава каде се очекува да одобрат продолжување на поддршката на Владата на Авганистан до 2020 година.

XS
SM
MD
LG