Достапни линкови

Почина четиригодишното дете кое беше прегазено пред амбуланта во Куманово


Поглед на куманово.

Поглед на куманово.

На Клиничкиот центар во Скопје почина четиригодишното дете кое пред една недела беше удрено со автомобил. Кумановец со возило Мерцедес намерно удри во детето и неговите родители, кои беа повредени, пред здравствениот дом во Куманово, по расправија која почнала пред амбулантата.

Таткото С.А.(1980) бил пренесен во кумановскиот Медицински центар, а неговата сопруга М.К.(1980) и детето како итен случај со возило на Брза помош беа пренесени на Детска хирургија – Државна болница Скопје.

Кумановецот кој ги прегази доби 30-дневен притвор и ќе одговара за убиство во обид. Од Јавното обвинителство претходно информираше дека семејството кое чекало ред пред амбуланта, одлучило да пушти друг човек пред нив, поради тоа што процениле дека станува збор за поитен случај. Таквата одлука предизвикала револт кај мажот кој чекало во редот, по што започнала расправија. Тој ги чекал да излезат од болницата, и потоа тенденциозно ги удрил со возилото.

XS
SM
MD
LG