Достапни линкови

МНР на Албанија: Атина се меша во внатрешните работи на земјата


Илустрација: албанска полиција на границата со Грција

Илустрација: албанска полиција на границата со Грција

Aлбанското Министертво за надвроешни работи ја обвини официјална Атина дека се меша во внатрешните работи на замјата во услови влошување на односите меѓу двете земји, информираат медиумите во земјата.

Според тиранската телевизија „Топ чанел“, реакцијата следувала по седницата на Советот на општина Химара - приморско градче, главно населено со припадници на грчкото малцинство, на која советниците од Партијата за заштита на човековите права (партија на грчкото малцинство), побарале Химара да биде прогласена за малцинска зона. Ваквото барање експресно било поддржано од грчкото Министертво за надвроешни работи, што за официјална Тирана е мешање во внатрешните работи на Албанија.

„Министерството за надворешни работи на Република Албанија, искажува жалење што соседна Грција бара да се инструментализираат непромислените акти на некои лица од Химара, настојвајќи во ова прашање да го вклучат почитувањето на правата на грчкото малцинство во Албанија, стои меѓу другото во реакцијата на албанското министертво.

На грчко-албанската граница забележано е зголено присуство на грчки војници, а ја надлетува и хеликоптер „UH-1H Huey“. Генералштабот на грчката армија објаснил дека тоа е само една од четирите мерки за зголемена контрола на границата што се неопходни.

XS
SM
MD
LG