Достапни линкови

Во Хрватска можни предвремени избори во септември


Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ синоќа изјави дека уште не донела одлука за датумот на предвремените избори, но е наклонета да ги закаже за 11 септември.

„Изборите ќе ги свикам во рамки на предвидениот законски рок. Треба да почекам до 15 јули и тогаш ќе ги закажам изборите, веројатно за почетокот на септември. Се уште не сум одлучила за датумот, но наклонета сум да биде 11 септември“, посочи Грабар Китаровиќ.

Таа изјави дека повеќе го претпочита 11 септември отколку 4 септември, затоа што на 5 септември учениците тргнуваат на училиште.

„Никој не сака да се занимава со политика во текот на летото. Никој не сака одморот да му биде зефатен со политички кампањи. Луѓето сакаат да се одморат од политиката“, посочи хрватската претседателка.

Хрватскиот сабор минатиот месец и изгласа недоверба на Владата на премиерот Тихомир Орешковиќ, а по консултациите со политичките партии претседателот на државата повика на распуштање на Парламентот и организирање предвремени избори.

XS
SM
MD
LG