Достапни линкови

Велешанец фатен додека превезувал 73 мигранти


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Полицијата утрово пронашла 73 мигранти при контрола на товарно возило на локалниот пат од село Речица до село Ваксинце, соопштува МВР.

Полицијата утрово направила контрола на товарно возило „Волво“ кое било управувано од 35-годишното лице М.Д. од Велес и биле пронајдени мигранти од Авганистан, Сирија, Пакистан и Бангладеш, коиштп возачот ги превезувал за одреден паричен надоместок.

Возачот на возилото е приведен и со него се врши разговор. Известен е јавен обвинител за понатамошна постапка и се работи на целосно расчистување на случајот, соопшти полицијата.

XS
SM
MD
LG