Достапни линкови

Милитантите на ИД убија 20 заложници во ресторан во Дака


Воени претставници во Бангладеж велат дека 20 странски заложници се убиени за време на опсада во ресторан во главниот град Дака, каде безбедносните сили упаднаа и убија шест милитанти.

Околу 100 полициски командоси со поддршка на седум оклопни возила упаднаа во ресторанот во дипломатски кварт во Дака и ослободија 13 заложници, меѓу кои тројца странци, соопшти полицијата додавајќи дека за време на акцијата се убиени шестмина од напаѓачите кои ги држале заложниците.

Исламските милитанти кога го започнале нападот на арапски јазик извикувале „Господ е голем.“Спасувањето следело по 10-часовен ќор-сокак меѓу полицијата и осум или деверт тешко вооружени напаѓачи, при што преговорите на полицијата за ослободување на заложниците завршиле неуспешно.

На крајот на нападот се слушнале две големи експлозии од ресторанот. Групата на Исламската држава ја презема одговорноста за нападот велејќи дека убиле 24 лица. Властите на Бангладеж првично ја демантираа информацијата.

XS
SM
MD
LG