Достапни линкови

logo-print

Самоубиствен напад во Авганистан


Најмлаку две лица загинаа и десетици се повредени, откако бомбаш самоубиец рано изутринава го детонирал неговиот експлозив во градот Џалалабад во источен Авганистан, блиску до границата со Пакистан.

Портпаролот на провинцијата Нангахар, Атаула Когјани рече дека цел на самоубиствениот напад била резиденцијата на Наџи Хајат водена од анти-талибанска милиција, која водела и кампања против групата на Исламскаат држава во областа Кот.

Хајат не бил повреден во нападот, а досега ниту една група не ја презема одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG