Достапни линкови

Петкратно убиство во кафуле кај Зрењанин


Зрењанин.

Зрењанин.

Пет лица се убиени, а 20 ранети ноќеска во местото Житиште, крај Зрењанин, кога 38-годишниотЗ.С. влегол во кафулето „Макијато“ и истрелал повеќе куршуми од автоматско оружје, соопшти српското МВР.

Тешкото убиство се случило околу два часа по полноќ кога З.С. испукал повеќе истрели од автоматското оружје и притоа ја убил својата сопруга и уште едно женско лице, по што продолжил да пука врз сите кои во тој момент се наоѓале во кафулето.Полицијата го уапсила З.С, а увидот е се уште во тек, се наведува во соопштението.

Четири лица се здобиле со тешки повреди, а меѓу ранетите најмалку тројца се малолетници. Љубоморниот маж пукал од калашњиков и притоа ја убил својата сопруга и веројатно нејзината пријателка.

Од петте жртви две починале на лице место, а три на повредите им подлегнале во зрењанинската болница. Повредените се згрижени во зрењанинската болница, додека три лица се префрлени во КлиничкиотЦентар Војводина , а едно во Сремска Каменица.

Припадниците на полицијата и натаму го истражуваат објектот, а се очекува и доаѓање на министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ. До убиството дошло за време на традиционалната манифестација „Пиле фест“.

XS
SM
MD
LG