Достапни линкови

Во Хрватска прва група мигранти, според квотите на ЕУ


Хрватска денеска ја прифати првата група мигранти - четворица Еритрејци, кои пристигнаа од Италија согласно шемата на ЕУ за прераспределување, која предизвика критики и отпор од страна на некои членки на Унијата, пренесоа британските медиуми.

Согласно шемата на ЕУ, што беше договорена во септември, и предвидува преместување на вкупно 160.000 мигранти од Грција и Италија, Хрватска треба да прими 1.583 мигранти. Само мал број мигранти досега се преместени во други земји заради отпорот на некои земји членки, особено во Централна Европа.

Мигрантите привремено ќе бидат сместени во прифатен центар за азиланти во главниот град Загреб.

XS
SM
MD
LG