Достапни линкови

Партиски обвинувања за опструирање на Пржиино


СДСМ е партијата која постојано го опструира Пржинскиот договор и постојано прави чекори во правец на продолжување на кризата, изјави денеска министерот за здравство и претставник на ВМРО-ДПМНЕ во меѓупартиските разговори Никола Тодоров. Тој вели дека со продолжување на кризата губат сите, а губи и СДСМ. Тодоров наведе дека очекува СДСМ да ја смени тактиката и наместо постојано да поставува нови цели, да собере храброст, да се договорат и да одат на избори.

СДСМ пак обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ се тие кои прават се за да нема услови за решавање на политичката криза. ВМРО-ДПМНЕ бега од слободни, фер, регуларни и демократски избори, велат од СДСМ.

Премиерот Емил Димитриев денеска апелира на конструктивност од сите политички партии за да се надмине политичката криза во земјава.

XS
SM
MD
LG