Достапни линкови

Судот потврди - одземен пасошот на Грујевски


Судот го потврди решението на судијата на претходно постапка со која му се одзема пасошот на Горан Грујевски осомничен во предметот „Тврдина“. Во овој случај што го отвори СЈО, првоосомничен е Горан Грујевски, началник во Петтата управа во Министерство за внатрешни работи, а поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е трето осомничена. Во предметот Тврдина осомничените се товарат за уништување на опремата за прислушување.

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапуваше по жалбите поднесени од СЈО и одбраната на Грујовски, но ги одби двете жалби и го потврди решението со кое на Грујевски му се определува превентивна мерка - одземање на патна исправа, стои во соопштението од Судот.

XS
SM
MD
LG