Достапни линкови

Укинат притворот за сопственикот на аеродром Домодедово


Судот во Москва му го укина домашниот притвор на сопственикот на рускиот аеродром Домодедово. Судот освен на сопственикот Дмитри Каменшчик, го укина притворот и на неговите двајца соработници. Против нив беше отворен процес откако роднини на жртвите од терористичкиот напад на аеродромот во 2011 поднесоа тужби барајќи финансиски надоместок. Тие се соочуваат со обвиненија дека на аеродромот не биле почитувани мерките за безбедност за време на нападот. Во самоубиствениот бомбашки напад на аеродромот Домодедово, загинаа 30 луѓе, а 172 беа повредени

XS
SM
MD
LG