Достапни линкови

Претседателските избори во Австрија ќе се повторат


Уставниот суд на Австрија одлучи повторно да се спроведат претседателски избори. Со тоа му се дава уште една шанса на кандидатот на Партијата на слободата да стане прв екстремно десничарски претседател на една држава членка на ЕУ. Норберт Хофер тесно изгуби на гласањето на 22 мај, благодарејќи на гласачките ливчиња испратени по пошта кои беа во корист на неговиот противкандидат Александар Ван дер Белен. Судот денеска одлучи дека имало нерегуларности во начинот на пребројување на гласовите, па затоа повторно мора да има избори.

XS
SM
MD
LG