Достапни линкови

logo-print

Нов прекин на огнот во источна Украина


Еден украински војник е убиен, а четворица се ранети во напади од про-руските сепаратисти на истокот на Украина во изминатите 24 часа. Портпаролот на украинската армија Андриј Лиско на денешната прес-конференција не соопшти други детали. Во конфликтот во источна Украина од април 2014 година досега загинаа повеќе од 9.300 луѓе. НАТО минатата недела предупреди дека меѓународно набљудуваниот прекин на огнот едвај се спроведува. Според договорот за прекин на огнот потпишан минатата година во Минск, и сепаратистите и владините сили се обврзаа да го повлечат тешкото вооружување, како и да преземат други чекори кон постигнување мировен договор. Шефот на УНХРЦ Иван Симонович на 29 јуни предупреди на можна повторна ескалација на непријателствата од голем обем ако не се преземе итна акција за да се разделат двете страни и да да се отстрани тешкото вооружување.

XS
SM
MD
LG