Достапни линкови

Лавров се сретна со својот турски колега Чавушоглу


Рускиот министер за внатрешни работи Сергеј Лавров се сретна со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу во време кога земјите се обидуваат да ги надминат недоразбирањата. Двајцата министри се сретнаа денеска во Сочи. Турскиот министер рече двете земји треба да работат за политичко решение на сириската криза. Лавров изјави дека Москва и Анкара се согласиле повторно да соработуваат и да ги обноват воените контакти, кои беа прекинати кога турски сили соборија руски воен авион на границата со Сирија, во ноември.

XS
SM
MD
LG