Достапни линкови

Киригистан ќе чека резултати за истанбулските напаѓачи


Киргистанските власти велат дека се уште е рано да се потврдат извештаите на турските медиуми според кои еден од напаѓачите во Истанбул бил од Киргистан. Властите велат дека ќе ги почекаат официјалните ДНК анализи да го потврдат тоа. Од Министерството за надворешни работи денеска сооштија дека нивни дипломати се сретнале со турските власти и разговарале на таа тема. Резултатите од анализите се очекуваат најрано за пет до шест дена. Турските медиуми вчера цитираа неименуван турски политичар кој им рекол дека напаѓачите се од Киргистан, Узбекистан и Русија.

XS
SM
MD
LG