Достапни линкови

Земан ќе бара референдум во Чешка за членството во ЕУ и НАТО


Чешкиот претседател Милош Земан.

Чешкиот претседател Милош Земан.

Чешкиот претседател Милош Земан повика Чешка да одржи референдум за своето члeнство во ЕУ и во НАТО по референдумот на кој Британците гласаа за излез од Унијата. Земан нема законско право да свика референдум, но тој е влијателен лидер во земјата каде многу од гласачите се скептични за ЕУ. Чешка е во Унијата од 2004.

„Јас не се согласувам со тие кои се за напуштање на ЕУ. Но, ќе стори се за да можат на референдум да се изјаснат. Истото се однесува и за изјаснувањето за излез од НАТО“, рече Земан, а пренесе чешкото радио.

XS
SM
MD
LG