Достапни линкови

Орав: Партиите што поскоро да договорат решение за кризата


Аиво Орав

Аиво Орав

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Аиво Орав и амбасадорите од земјите членки на Унијата денеска изразија сериозна загриженост за ситуацијата во Македонија поради немањето прогрес во имплементацијата на Пржинскиот договор и ја нагласија потребата од изнаоѓање решение за политчката криза во следните денови. „Помина повеќе од еден месец откако Парламентот повторно заседава. За жал, не видовме многу прогрес во адресирањето на длабоката политичка криза во која се наоѓа земјата. ЕУ е сериозно загрижена за ситуацијата“, изјави амбасадорот Орав. Тој се осврна и врз владеењето на правото во државата, кое според него, во изминатите месеци се соочило со натамошни предизвици вклучувајќи ја и амнестијата од претседателот на државата. „Остануваме загрижени за предизвиците со кои се соочува во својата работа специјалниот обвинител. Ги повикуваме сите тела и особено сите страни кои се согласија да се воспостави специјалниот обвинител да престанат со попречувањата и наместо тоа целосно да ја поддржат неговата работа“, рече Орав, подвелкувајќи дека Пржинскиот договор останува единствениот пат за излез на земјата од политичката криза.

XS
SM
MD
LG