Достапни линкови

Путин очекува трауматични ефекти од Брегзитот


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „трауматичните ефекти“ од британското гласање за заминување од ЕУ ќе се чувствуваат долго време иако засега немало поголеми турбуленции на глобалните пазари. Тој изјави дека Русија немала никакво влијнаие врз британското изјаснување на 23 јуни. „Повторувам таканаречениот Брегзит е избор на британскиот народ. Ние не се мешавме во овој процес“, рече Путин, наведувајќи дека Москва ќе следи како ќе одат преговорите меѓу Брисел и Лондон и какви ќе бидат последиците од тоа за Европа и за Русија.

XS
SM
MD
LG