Достапни линкови

ЕУ и Турција преговораат за визна либерализација


турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу

турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу

По вчерашните разговори во Брисел, преговарачите од Европската Унија и Турција наскоро повторно ќе се сретнат за да ги доработат останатите отворени прашања, што имаат за цел постигнување спогодба за визна либерализација за турските граѓани, изјави првиот заменик претседател на Европската комисија, Франс Тимерманс. „Конструктивни преговори со Турција, во кои нашите погледи за примената на останатите визни критериуми во целост се совпаднаа“, напиша на Твитер Тимерманс по средбата во Брисел со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу. „За некои прашања работата продолжува и во блиска иднина ние повторно ќе се вратиме на нив“, додаде тој.

XS
SM
MD
LG