Достапни линкови

Словачка од денеска претседава со ЕУ


Словачка денеска го презема од Холандија шестмесечнопт претседавање со Европската унија, веројатно во еден од најчувствителните моменти во историјата на Унијата откако пред една недела британците на референдум се изјаснија за излегување од заедничкиот европски дом. Покрај Брегзитот кој ќе доминира во претседавањето на Словачка, приоритети на Братислава ќе бидат јакнењето на економијата на ЕУ, работата на одржлива мигрантска политика и политиката на проширување. Тоа ќе биде прво претседавање на Словачка, а 116 во рамките на Унијата. Словачка влезе во ЕУ пред 12 години со уште девет главно поранешни комунистички држави од централна и источна Европа.

XS
SM
MD
LG