Достапни линкови

САД и предлага на Русија соработка во Сирија


Руски војници во Сирија.

Руски војници во Сирија.

Соединетите Американски Држави и предложиле на Русија нов пристап кон сирискиот конфликт, односно зголемување на соработката за време за воените операции.

Вашингтон Пост денеска објави дека педлогот бил испратен во Москва претходно оваа недела. Во него се повикува двете страни да соработуваат во споделување на податоци за таргетирање и бомбардирање на огранок на Ал Каеда во Сирија. Засега не е познато дали Москва ќе одговори на предлогот.

Руски и американски сили спроведуваат паралелни воздушни напади во Сирија, но Вашингтон ја обвини Москва дека таргетира и умерени бунтовнички групи во обид да го зајакне сирискиот режим.

XS
SM
MD
LG