Достапни линкови

Студентски пленум - се крадат гласачки кутии


Од Студентскиот пленум на својот Фејсбук профил објавија дека се украдени четири гласачки кутии кои потоа се однесени во канцелариите на СПУКМ. Според Статутот, гласачките кутии се отвораат на факултетите и гласовите треба да бидат пребројувани јавно. Снимки од Правниот факултет покажуваат дека група луѓе земаат гласачка кутија, а студенти од Пленумот се противат на тоа. Од Пленумот повикуваат студентското обезбедување да ги заштити студентите, а Универзитетот да реагира на безобразието на Студентскиот парламет.

XS
SM
MD
LG