Достапни линкови

Србија ќе почека за отворање на Поглавјето 23


Отворањето на Поглавјето 23, што се однесува на владеење на правото, во преговорите меѓу Србија и Европска унија денеска е одложено за јули или за септември поради спротиставувањето на Хрватска, јавија српските медиуми.

Хрватска бара од Србија да ја повлече регионалната надлежност на српскиот суд за воени злосторства, да обезбеди автоматски број на пратеници за хрватското малцинство во српскиот Парламент и да воспостави целосна соработка со Хашкиот трибунал.

Другите земји-членки на ЕУ сметаат дека Србија ги исполнила сите услови за отворање на поглавјата 23 и 24.

Холандското претседателство планираше до крајот на мандатот, што истекува денеска, да ги отвори поглавјата 23 и 24 во преговорите со Србија, но земјите-членки не се согласија поради спротиставувањето на Хрватска.

XS
SM
MD
LG