Достапни линкови

Германија ја поддржува Турција против тероризмот


Германската Влада денеска објави дека канцеларката Ангела Меркел во вчерашниот телефонски разговор на турскиот претседател Реџеп Таип Едоган му порачала дека неговата земја ја има целосната поддршка од Германија во битката против тероризмот.

Двајцата лидери се согласиле дека со заканите од терористите мора да се соочат заедно, стои во соопштението на прес канцеларијата на германската Влада.

Билатералните односи меѓу двете земји се влошија откако на 21 јуни германскиот Бундестаг донесе резолуција, со која масакрот врз 1,5 милиони Ерменци во Првата светска војна од страна на Отоманската империја беше прогласен за геноцид.

XS
SM
MD
LG