Достапни линкови

Џонсон нема да се бори за премиер на Британија


Лидерот на кампањата за излегување на Британија од ЕУ Борис Џонсон рече дека нема да се кандидира за лидер на Конзервативната партија. Со одлуката на Џонсон сега фаворити во игра за претседател на партијата остануваат секретарот за правда Мајкл Гове и секретарот за внатрешни работи Тереза Меј. Тие, како и останатите кандидати ќе се борат да го наследат британскиот премиер Дејвид Камерон. Победникот на изборите треба да се објави на 9 септември. Следниот премиер ќе има клучна улога во градењето на односи меѓу Велика Британија и Европската унија по Брегзит.

XS
SM
MD
LG