Достапни линкови

Талибанци нападнале полициски кадети во Кабул


Двајца талибански бомбаши самоубијци нападнале автобуси кои превезувале полициски кадети во авганистанскиот главен град Кабул. Во нападите се убиени 30 кадети, а 58 се повредени, соопшти авганистанскиот министер за внатрешни работи. Автобусите ги враќале кадетите во главниот град од тренинг во провинцијата Вардак. Авганистанскиот претседател Ашраф Гани го осуди нападот и рече дека Талибанците со нападот ја откриле својата груба и безмилосна природа.

XS
SM
MD
LG