Достапни линкови

Резултати од пописот во БиХ по три години


Во БиХ беа објавени официјалните податоци од пописот на населението од 2013 година. Во земјата има 3.531.159 жители од кои во Федерацијата живеат 2.219.220, во Република Српска 1.228.423 и во дистриктот Брчко 83.516.

Како што објави денеска Агенцијата за статистика на БиХ како Бошњаци се изјасниле 50,11 отсто жители, Срби – 30,78 и како Хрвати 15,43 отсто.

Од вкупниот број жители 50,94 отсто се жени и 49,06 се мажи.

Од конечните резултати се оградија во Народното собрание на РС кои бараа повлекување на одлуката за објавивање на тие резулатти. Првите прелиминарни податоци од пописот во БиХ во 2013 година се објавени на 5 ноември истата година.

XS
SM
MD
LG