Достапни линкови

Студентскиот пленум го блокира гласањето за претседател на СПУКМ


Илустрација

Илустрација

На Универзитетот Свети Кирил и Методиј денеска се одржуваат избори за претседател на Студентскиот Парламент при универзитетот. Членови на Студентскиот пленум се обидуваат да го блокираат гласањето, со образложение дека сега е нелогично да има избори, бидејќи веќе е најавено оти во септември треба да се менува Статутот за студентското дејствување. Тие укажуваат дека е нарушена тајноста на гласањето, затоа што на избирачките места нема паравани.

Досегашниот претседател на СПУКМ Кирил Спировски изјави дека гласањето се одвива според правилата.

Членови на избирачките одбори велат дека одзивот на студенти е релативно мал, но очекуваат поголема излезност во поладневните часови. Изборите траат до 16 часот, а кандидати за нов студентски претседател се Давор Поповски од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Стефан Василевски од Медицинскиот факултет.

XS
SM
MD
LG