Достапни линкови

Турција приведе 13 луѓе за нападите во Истанбул


Турската полиција приведе 13 луѓе, меѓу кои тројца странски државјани поради сомневање дека се поврзани со смртоносните напади на аеродромот во Истанбул. Турските медиуми јавија дека полицијата денеска спроведувала рации на 16 локации во градот. Властите ја обвинуваат огранизацијата Исламска држава за нападите на 28 јуни во кои загинаа 42 луѓе, а повеќе од 230 се повредени. Турскиот весник Хуриет објави дека тројцата бомбаши самоубијци се од Чеченија. Турските власти не го потврдуваат тоа. Во меѓувреме турките сили убиле двајца милитанти на ИД во близина на границата со Сирија, јавија медиумите.

XS
SM
MD
LG