Достапни линкови

Пратенички прашања без опозицијата


Со тоа што нема да присуствуваат на собраниската седница посветена на пратенички прашања, пратениците од СДСМ отворено ги ставија партиските пред интересите на граѓаните, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.Тој вели дека однесувањето на СДСМ прераснува во негативна традиција.

СДСМ претходно најави дека ќе паузира од работата во Собранието.

На денешната седницата за првпат на пратеничките прашања ќе одговара премиерот Емил Димитриев.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески денеска на прес-конференција ги отфрли обвинувањата за неучеството на седницата посветена на пратенички прашања посочувајќи дека Собранието одамна престанало да ја остварува својата уставна надлежност за контрола на извршната власт.

„Собранието не ја контролира Владата. Собранието ги исполнува желбите на врвот на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Сугарески, потсетувајќи дека не учествуваат во работата на Собранието очекувајќи ја одлуката за уставноста на Специјалното јавно обвинителство.

XS
SM
MD
LG