Достапни линкови

Единствена Русија против обоените револуции на Балканот


Руската владејачка партија Единствена Русија ги повикува партиските партнери на Балканот да се борат против обидите за „обоени револуции“ кои, како што се оценува, ги спроведувале странски сили за дестабилизација на земјите од поранешна Југославија. Во соопштението на Единствена Русија, што го пренесува српската новинска агенција Бета, се наведува дека високиот претставник на таа партија Сергеј Железњак на средба со претставници на Српското движење Двери и Демокартската партија на Србија во Москва ги разгледал заканите од ширење на обоените револуции чија цел била дестабилизација на социјално политичката ситуација во Србија, Република Српска и Македонија. Претходно Единствена Русија, на маргините на нејзиниот Конгрес во Москва, потпиша декларација со осум политички партии од земјите на Балканот за создавање неутрална територија во Југоисточна Европа.

XS
SM
MD
LG