Достапни линкови

logo-print

Градоначалникот Талески останува во куќен притвор


Градоначалникот на Битола Владимир Талески останува во куќен притвор, одлучи Апелацискиот суд во Скопје. Талески е првосомничен во случајот „Транспортер“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Тој е осомничен за организирање на школски превоз по повисоки цени од реалните. Од Основен суд Скопје 1 соопштуваат дека од Апелација ја добиле одлуката со која Судот го потврдува решението на Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 - Скопје, а со тоа мерката куќен притвор останува на сила.

Талески веќе две недели е во куќен притвор.

XS
SM
MD
LG